Собранието ќе расправа за одземање на имунитетите на шестемина пратеници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Седницата на која ќе се расправа за симнување на имунитетот на шестемина пратеници осомничени од судот за настаните на 27 април е закажана за во 12 часот.
Седницата на Собранието следува по вчерашната седница на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања, која одлучи да предложи симнување на мандатот на шест пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ – Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.
За симнување на нивниот имунитет потребен е 61 глас.
Извор: Макфакс