Собранието на маратонска седница го изгласа Законот за заштита на сведоци | Правдико

Правдико

   

Собранието на маратонска седница го изгласа Законот за заштита на сведоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на седницата, покрај останатите закони, изгласан е и Законот за заштита на сведоци, кој го бараше СЈО.

Целта на оваа предложена законска измена, велат од Владата, е да се обезбедат услови за спроведување на Законот за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).

СЈО инсистираше на промена на овој закон со цел да се излезе пресрет на барањата на оние кои сакаат да бидат заштитени сведоци да добијат поголеми гаранции за заштита на нивниот идентитет.

Според постоечкиот закон, одлуката за доделување на статусот заштитен сведок ја донесува Совет за заштита на сведоци. Како што е предвидено со членот 6 од овој закон Советот е составен од пет члена – претставник на Врховниот суд од редот на судиите, претставник од Јавното обвинителство од редот на замениците јавни обвинители, директорот на Управата за извршување на санкциите во Министерството за правда, претставник од МВР и раководителот на Одделението во МВР.

К. Л.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико