Правдико

   

Собранието почнува со работа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието денеска ќе ја одржи 18. седница, прва по одржувањето на локалните избори.

На дневен ред на седницата се pредлог-одлука за изменување на oдлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан, барање за давање автентично толкување на член 15 став 4 алинеа 5 и член 69 од Законот за градежно земјиште, поднесено од градоначалникот на oпштина Илинден, барање за давање автентично толкување на член 12 и член 13 од Законот за градежно земјиште, поднесено од в.д. градоначалникот на oпштина Струга, барање за давање автентично толкување на член 9 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки, поднесено од градоначалникот на oпштина Куманово, како и барање за давање автентично толкување на член 14 став 4 и член 42 став 10 од Законот за минерални суровини, поднесено од градоначалникот на oпштина Богданци.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико