Собранието расправа за ребалансот на буџетот | Правдико

Правдико

   

Собранието расправа за ребалансот на буџетот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието на денешната 111. седница ќе ја продолжи расправата по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година.

sobranie

На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, по скратена постапка, како и Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.

Пред пратениците се и неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ. Ќе се разгледуваат и неколку ратификации на спогодби на Владата на Република Македонија со владите на Виетнам, Италија и Србија.

Пратениците ќе расправаат и по измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, на Законот за градежно земјиште, на Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико