Собранието треба да одобри оглас за нови членови на ДИК
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието на Македонија денеска треба да донесе одлука за распишување оглас за нови членови на Државната изборна комисија.
Измените на изборниот законик кои произлегоа од договорот од 2 јуни и 15 јули предвидуваат зголемување на бројот на членовите на ДИК.
Така сега Државната изборна комисија ќе биде составена од девет членови. По завршувањето на огласот за членови на ДИК кој трае осум дена, собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата подготвува предлог листа од пријавените кандидати и ја доставува до Собранието.
По тројца членови предлагаат политичките партии од власта и од опозиција, а останатите тројца се бираат од редот на пријавените со услов да не се партиски членови.
Потоа тие треба да бидат избрани Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Во рамките на 73-та седница на Собранието на дневен ред е и дополнетиот предлог на буџетот за 2016 година.
Извор: 24Вести