Собранието усвојувало „европски закони“ со заобиколување на процедурата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собранието усвојувало повеќе „европски закони“ заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот 2014-2016. Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година пишува дека Законодавниот дом донел вкупно 14 закони кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Симптоматично е што 13 закони воопшто не се разгледувани на седница на Комисија за европски прашања, за нив нема европско знаменце, нема изјава за усогласеност ниту коресподентна табела, иако се прикажани како „европски“ закони.
Ова се дел од клучните наоди на истражувачите на ИДСЦС објавени во краткиот документ за јавни политики „Ефективен собраниски надзор? Отсликување на реалноста во процесот на правна хармонизација со ЕУ“.
Публикацијата е изработена во рамки на проектот “Улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ„ спроведен во рамки на проектот „ИПА2 Механизам на граѓанските организации“ спроведен од организациите Евротинк, Еко-свест, Реактор и Зенит. Загрижувачки е податокот дека Комисијата за европски прашања се заобиколува и притоа се оневозможува да ја извршува својата примарна надзорна и контролна функција, имено, следење на процесот на усолгасување на националното со законодавството на ЕУ.
Извор: Макфакс