Собранието за огласот за нов јавен обвинител | Правдико

Правдико

   

Собранието за огласот за нов јавен обвинител

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собранието денеска треба да ја продолжи расправата по предлогот за огласување именување на Јавен обвинител на Република Македонија, што е на дневен ред на 12. седница.

Во понеделникот пратениците од опозицијата обвинија дека со процедурата за јавниот оглас се прекршува членот на законот кој според нив, СДСМ барал да се внесе во Изборниот законик.

Тие потсетија дека и Владата се оградува од, како што истакнуваат, какви било процедури и оти ги ставаат во мирување сите разрешувања и именувања на функционери за после изборите.

За оваа точка се пријавија за дискусија повеќе од 15 пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеникот и координатор на една од десетте пратенички групи на опозицијата, Илија Димовски ги повтори ставовите на партијата дека целата процедура околу разрешување на стариот и избор на нов јавен обвинител е противзаконска и се коси со членот 8а од Изборниот законик.

– За жал наместо да зборуваме за постапки и процедури кои што ќе значат подобрување на судството и обвинителството ние зборуваме за прекршување на законите. Сметаме предлагот на  СДСМ за изборот на нов јавен обвинител  е резултат на арогантното однесување на тенкото парламентарно мнозинство – рече Димовски од собраниската говорница.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ , Томислав Тунтев , постапката за избор на нов јавен обвинител мора да заврши час поскоро.

– Да не ги кочиме започнатите реформи, да го затвориме ова прашање и да дозовлиме да течат процесите – рече Тунтев од говорницата.

Извор: Новатв

Препорачуваме

Партнери на Правдико