Правдико

   

Собраниската комисија препорача одземање на имунитетот на Димовски

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Собраниската комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за“ и четири „против“ барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.

Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико