Собраниската седница за разрешување на Зврлевски, презакажана за 5 јули
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Собраниската седницата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, која беше закажана за денеска, се одложува за 5 јули, информираат собраниските служби.
Седницата на која треба да се распрва за разрешување на Зврлевски доаѓа по предлогот на Владата, кој во Собранието беше доставен пред две недели. Според предлогот, разрешување на досегашниот јавен обвинител од функцијата се бара поради незаконски, ненавремено и недоволно стручно извршување на работата.
„Со своето однесување и дејствување Зврлевски покажа оти не е способен за извршување на функцијата, а се бара негово разрешување и поради неподнесување барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и за нарушување на угледот на функцијата“, пишува во предлогот на Владата.
За разрешување на Марко Зврлевски согласност даде и Советот на јавни обвинители.
Извор: Макфакс