Собраниските простории се санираат, дел од пратениците во Собранието | Правдико

Правдико

   

Собраниските простории се санираат, дел од пратениците во Собранието

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска во Собранието се расчистува и се санираат штетите напревени за време на упадот на 27 април. Според првичните информации, седница нема да се оддржи се додека не се исчисти зградата на законодавниот дом. Прес-центарот каде што директно беа нападните пратениците е запечатен додека не заврши увидот. Околу Парламентот присутни се и поголем број на полициски службеници.

Утринава во законодавниот дом пристигнал претседателот на Собранието, Талат Џафери, а пристигнале и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со техничкиот премиер и пратеник Емил Димитриев.

Во текот на вчерашниот ден, Џафери ја имаше првата официјална средба на оваа функција. Како што е познато, вчера тој во Собранието се сретна со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји, по која најави дека уште од денеска ќе се обиде да се стави во функција на нормално работење на Собранието.

Дополнително, Џафери вчера во интервју за хрватската телевизија ХРТ рече дека претседателот Иванов има 10 дена да го даде мандатот.

– Ако претседателот Ѓорге Иванов во рок од десет дена не го даде мандатот за составување влада на мнозинството во парламентот, тоа ќе биде кривично дело. Тој мора да го стори тоа, бидејќи Уставот и законите не го познаваат спротивното – истакнал Џафери.

Тој додал дека ако Иванов повторно не го даде мандатот, може во парламентот да се отвори постапка за негов импичмент, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство, кое сегашната мнозинска коалиција го нема. Од кабинетот на претседателот Иванов пак, по средбата со американскиот функционер, соопштија дека мандатот ќе биде доделен доколку има мнозинството даде гаранции дека ќе биде сочувана унитарноста на државата. На ова, партијата СДСМ одговори дека гаранцијата е во владината програма.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико