Како да го остварите правото на социјална помош
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Согласно Законот за социјална заштита за материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува приходи по сите основи пониски од износот
на социјалната парична помош, утврден со законот за социјална заштита и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува.
Oпис на правото на социјална парична помош
Право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство, материјално необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција. Како домаќинство законот подразбира заедница на членови на семејството и други роднини меѓу кои не постои законска обврска за меѓусебно издржување , кои заеднички придонесуваат , стопанисуваат и трошат. Лице кое е на издржување на казна затвор подолго од 30 дена или сместено во
згрижувачко семејство во установа за социјална или друга установа со решение на центарот за социјална работа, не се смета за член на домачинството за тој период.
Постапка и начин на остварување на правото и потребна документација
Подносителот на барањето за остварување на право на социјална парична помошдо Центарот за социјални работи на подрачјето на кое има живеалиште, за себе и членовите на домаќинството приложува:
1. фотокопија на важечка лична карта за државјани на Република Македонија,дозвола за постојан престој на странецот, фотокопија од лична карта за признат
бегалец или фотокопија на лична карта за лице под хуманитарна или (односно)супсидијарна заштита;
2. фотокопија на извод од матичната книга на родените;
3. фотокопија на извод од матичната книга на венчаните;
4. фотокопија на извод од матичната книга на умрените (матична служба при Министерството за внатрешни работи);
5. фотокопија на пресуда за развод на брак;
6. уверение дали лицето е даночен обврзник од имот или приходи;
7. имотен лист од катастар;
8. потврда за остварени приходи од плата во Република Македонија или странство;
9. потврда за корисник на пензија (остварена во република Македонија или странство);
10. потврда од Агенција за вработување на Република Македонија, за невработени членови во семејството;
11. потврда за поседување регистрирано моторно возило кое не го отуѓил во последните шест месеци пред поднесување на барањето, возило употребливо за
комерцијални цели (комбе, автобус, камион, такси);
Исто така подносителот на барањето со писмена изјава пред Центарот потврдува дали остварува и други приходи (од привремена работа во странство, штеден
влог и камати од заштеди, поседување и приходи од хартии од вредност).
Висина на правото
Висината на социјалната парична помош за носителот на правото изнесува 2.140 денари.
За секој следен член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент 0.37,
а најмногу до пет члена:
• за двочлено домаќинство 2.979 денари
• за тричлено домаќинство 3.783 денари
• за четиричлено домаќинство 4.585 денари
• за петтчлено домаќинство 5.393 денари
Рокови за остварување на правото и престанок на правото
Рокови
Носителот на правото на социјална парична помош е должен да ја потврди состојбата на месечните приходи за себе и сите членови во домаќинството, при поднесувањето на барањето и во текот на користењето на правото (секој месец се потпишува во Центарот). Ако носителот не го направи тоа секој месец правото на социјална парична помош престанува и не може да се оствари во наредните шест месеци.
Престанок на правото
На лицето кое остварило право на социјална парична помош му престанува правото на социјална парична помош ако се утврди дека дало нецелосни или невистинити податоци за семејната и материјалната состојба, како и за состојбата со имотот и имотните права, или не извести за настанатата промена во материјалната, семејната и имотната состојба за себе и членовите на домаќинството. Во таков случај во решението за престанок на правото се определува дека правото не може да се оствари во наредните 12 месеци.
Корисниците на социјална парична помош можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од градоначалникот на единицата на локалната самоуправа освен пензионер, жена за време на бременост, млади мајки до девет месеци породилно отсуство, ученик, студент итн. Ако корисникот на социјална парична помош неоправдано го одбие работното
ангажирање ќе се исклучи од користењето на правото на социјална парична помош во наредните 12 месеци(семејството, домаќинството ќе продолжи да прима без него).
Постапка по жалба
Незадоволната странка против решение на центарот за социјална работа по барањеза остварување на било кое право од законот за социјална заштита има право на жалба до министерството за труд и социјална политика. Министерот во постапка по жалба против решението на центарот е должен да донесе решение во рок од 60 дена од денот на поднесување на жалбата. Жалбата се поднесува преку центарот за социјална работа на подрачјето на кое живее подносителот до Министерството за труд и социјална политика. Жалбата треба да содржи елементи како што се: органот до кого се доставува жалбата, број на решение против кое се поднесува жалбата , име и презиме и место на живењее на подносителот, основот поради кој се оспорува решението (погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба и повреда на материјалното право) да се приложат нови факти и докази ако ги има кој би биле основ за поинакво одлучување во втор степен
, дата и потпис на подносителот . Жалбата се изготвува во два примероци од кој еден за центарот а еден за подносителот на кој задолжително ќе се стави приемен штембил со број и дата дека истата е уредно заведена и примена во писарницата на центарот. Ако жалбата се праќа по пошта задолжително се доставува со препорачана пратка како подносителот би имал доказ дека истата е уредно поднесена. Против донесено решение од министерот за труд и социјална политика, незадоволната странка може да се поднесе тужба до Управениот Суд на РМ во рок од 30 дена од приемот на решението.
Новини значајни за сите права од Законот за социјална заштита во постапка по жалба
За остварување на правата од социјална заштита и тоа за остварување право на, социјална парична помош, постојана парична помош, парична помош на лице кое до 18 години имало статус на дете без родители и родителска грижа, парична помош на мајка која родила четврто дете, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош и помош во натура, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, парична помош за социјално домување, право на додаток за слепило и мобилност, сместување во згрижувачко семејство, мал групен дом, организирано живеење со поддршка, установа за социјална заштита Центарот за социјална работа е должен да донесе решение во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација. По истекот на овој рок подносителот на барањето во рок од 3 работни дена има право
да поднесе барање за донесување решение до директорот на центарот. Директорот на центарот е должен во рок од 5 дена од приемот на барањето да донесе решение со кое барањето ќе го уважи или ќе го одбие барањето . Ако директорот во рок од 5 дена не донесе решение подносителот може да го извести Државниот управен инспекторат во рок од пет работни дена. ДУИ е должен во рок од 10 дена да изврши надзор во центарот дали е спроведена постапката согласно со закон и во рок од 3 работни дена од извршениот надзор да го информира подносителот на барањето. Согласно
Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за донесување решение од директорот на центарот за социјална работа (Службен весник на РМ бр. 95/2011) кој влегува во сила на 30.09.2011 година и согласно кој барање за донесување решение од страна на директорот на центарот за социјална работа заради не донесување на решение по поднесено барање во рокот утврден во членот 197 од Законот за социјална заштита(60 дена за сите парични права ) директорот е должен во рок од 5 дена од приемот на барањето да донесе решение по поднесеното барање со кое барањето го уважува врз основа на кое странката ќе го оствари правото утврдено во членот 1 на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за донесување решение од директорот на центарот за социјална работа или ќе го одбие барањето .
–ПРАВДИКО–