СОВЕТУВАЊЕ нa тема: „Jaвни набавки Спроведување на постапките за јавни набавки преку елeктрoнски систем“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, организира советување на тема: „Jавни набавки(Спроведување на постапките за јавни набавки преку електронски сисмтем)“ кој ќе се одржи на 18 март 2015година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со почеток во 10:00 часот.
Советување е наменето за службеници вклучени во организационен облик во судовите и обвинителствата за јавни набавки од сите апелациони подрачја.
Предавачи на советувањето ќе бидат: г-а Александра Маџевска Сараќинчева, Биро за јавни набавки, Сектор за нормативна дејност, обуки и меѓународни односи и г-а Драгана Николоска, Биро за јавни набавки, Сектор за следење на системот на јавни набавки и управување со ЕСЈН.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:
- „Измени и дополнувања на Законот за јавните набавки, Истражување на пазарот и согласности од Советот за јавни набавки“
- „Презентација на ЕСЈН и задолжително користење на електронски јавни набавки“
Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Tука.
Работните материјали: