Сојузен судија од Хаваи ја продолжи блокадата на антимиграциската уредба на Трамп | Правдико

Правдико

   

Сојузен судија од Хаваи ја продолжи блокадата на антимиграциската уредба на Трамп

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сојузниот судија од Хаваи ја продолжи во среда навечер суспензијата на новата антиимиграциска извршна уредба на Доналд Трамп на целата американска територија, која ја нареди пред две недели.

Судијата од Хаваи, Дерик Ватсон појасни дека ја преиначува својата привремена наредба во прелиминарна директна наредба.

Ваквиот судски облик овозможува генерално одлуката да не мора да се продолжува.

Тоа, истовремено, значи и дека администрацијата на Трамп нема да може да ја дополнува уредбата додека правосудно се оспорува.

Судијата Ватсон го укина првиот нацрт на антиимиграциската уредба на 15 март, во пресрет на стапувањето во сила на забраната за пуштање на американско тло на државјани на шест мнозинско муслимански земји.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико