Сојузот на средношколци денеска на средба со Заев | Правдико

Правдико

   

Сојузот на средношколци денеска на средба со Заев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставници на Сојузот на средношколци, предводени од претседателот Бленди Ходаи, денеска во 16 часот ќе бидат примени од премиерот Зоран Заев, откако вчера пратија писмо до Кабинетот на претседателот на Владата со барање за средба за да разговараат за државната матура. Во писмото до премиерот тие побара средба на која ќе ги изнесат нивните две барања за модифицирање на државната матура – намалување на бројот на предмети од четири на два и скратени наставни програми.

По 12 дена бојкот, дел од матурантите организирани од Сојузот на средношколци вчера се вратија на настава. Тие остануваат на барањата да се намалат предметите за матурата од 4 на два. Сојузот одлучи да го стави во мирување бојкотот, кој почна со второто полугодие и да почека Парламентот да најде решение откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ минатиот понеделник поднесе Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за средно образоание.

Претседателот на Сојузот Ходаи изјави дека до крајот на февруари ќе ја следаат наставата и ќе чекаат Собранието да го прифати и изгласа нивното барање, а ако тоа не се случи најави дека од 1 март ќе кампуваат пред Министерството за образование и наука.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико