Солунскиот суд изрече затворска казна од 1.489 години за криумчарење мигранти
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судот во Солун осуди 23 лица на затворска казна од осум до 1.489 години поради криумчарење ирачки и сириски бегалци во Грција.
Осудените криумчареле бегалци од турската граница во 2015 и 2016 година.
Судот најдолга затворска казна му изрекол на 54-годишен Грк, осуден за предводење на групата криумчари кои организирале транспорт за повеќе од 500 бегалци во 43 одвоени случаи.
Според грчкиот закон, максималната казна која може да се отслужи во затвор е 25 години, без разлика на должината на изречената казна. Светските агенции наведуваат дека 23 лица меѓу кои повеќето се такси превозници се ослободени.
Групата е уапсена во јули 2016 година.
Извор: Мета.мк