Сонк донесе конечна одлука, генерален штрајк на 29 септември
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Синдикатот за образование, наука и култура на 29 септември стапува во генерален штрајк, ова е одлуката која на денешната седница едногласно ја донесе Советот на СОНК. Од таму и оставаат простор на власта и надлежните министерства до крајот на месецов за уште една шанса за преговори.
Но, велат дека нема да отстапат од нивните барања и покрај притисоците и заканите.
Првиот синдикалец Неделков потенцираше дека синдикатот не бил консултиран за последните измени на законите за основно и средно образование кои за време на штрајк предвидуваат замена на наставниот кадар со нов.
Од СОНК дополнително ќе информираат како ќе биде организиран штрајкот на крајот на месецов во градинките и училиштата.
Извор: 24 Вести