Сообраќајните прекршоци го зголемиле буџетот за 7 милиони евра | Правдико

Правдико

   

Сообраќајните прекршоци го зголемиле буџетот за 7 милиони евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот буџет лани се зголемил за 7,3 милиони евра од глоби, од кои дури 4 милиони биле за брзо возење или за возење под дејство на алкохол, непрописно паркирање, велат евиденциите на МВР. Лани секторот за прекршоци имал речиси 64.000 барања за прекршочни постапки, од кои повеќе од половина за сообраќајни прекршоци. Од наплата на глоби за речиси 67.000 прекршоци во државниот буџет во 2012 година биле собрани 8,05 милиони евра.

E2F7B62FEB6AAB42B83D4CC918E980E1

Бројот на прекршочни постапки се намалува затоа што се зголемуваат полициските активности на терен, вели Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста

– Од една страна, имаме зголемени активности на терен, односно превентивно-репресивни мерки, а од друга, помал број барања за поведување прекршочни постапки. Тоа делумно се должи и на тоа што веројатно се прават помали прекршоци, а се изрекуваа повеќе предупредувања – смета Kотевски.

Само сообраќајната полиција, нагласува Kотевски, лани имала 263.399 превентивно-репресивни мерки, а претходната година десетина илјади помалку. Од тоа, повеќе од 105.000 биле барања за прекршочна постапка пред разни институции или за 10.000 помалку од 2012 година. Лани сообраќајците наплатиле 8.697 парични глоби, а во 2012 година 9.473 глоби. Од сообраќај биле исклучени 19.400 возила и 21.800 возачи. Полицајците лани извршиле алкотест над 62.000 возачи, а во 2012 година врз 51.000 возачи, а изрекле околу 30.000 опомени за учесниците во сообраќајот.

Kомисиите на секторот за прекршоци лани решиле околу 73.000 предмети, од кои околу 47.000 биле за сообраќајни прекршоци. Во 2012 година, од 90.000 предмети, 55.000 биле за прекршување на сообраќајните правила. Другите прекршоци биле по Закон за возилата, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за патните исправи и други закони, вели Kотевски.

Во последната сообраќајна контрола на скопската полиција минатиот викенд за прекршоци на Законот за безбедноста во сообраќајот санкционирала 349 учесници во сообраќајот. Полицајците фатиле 60 пијани возачи, 34 возачи со нерегистриран автомобил и 31 возач без возачка дозвола. Седум возачи минале на црвено светло, 20 биле казнети за брзо возење, а 14 возачи возеле над 90 километри на час низ градот.

Полицијата, меѓу другите, казнила 74 возачи за непрописно паркирање, пајакот подигнал 83 возила, а 19 возила биле паркирани на раскрсница, автобуска постојка и пешачки премин.

Извор: Дневник

Препорачуваме

Партнери на Правдико