Правдико

   

Соопштение на Kривичниот суд во врска со притворите за настаните во Собранието на 27 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по жалби поднесени од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што уважен е предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор и против осомничените М.П., Г.Ѓ. и Е.Д.Б., определена е мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП.

Во однос на останатите жалби поднесени од странките против решенијата на судија на претходна постапка, откако ќе се произнесе Кривичниот совет и ќе бидат изготвени решенијата, јавноста ќе биде дополнително известена.

Во текот на вчерашниот ден пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, спроведено е едно лице опфатени со предлогот на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор, а поврзано со настаните од 27 април во Собранието на Р.М., за кој по произнесување на спроведените лица во однос на предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот и на З.С. му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Партнери на Правдико