Соопштение на СЈО за акцијата во Централен Регистар
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство денеска на својот портал објави соопштение за акцијата што ја изведе во Централен Регистар. Ви го пренесуваме соопштението во целост:
Почитувани,
Ова Јавно обвинителство постапувајќи по наредба на Судија на претходна постапка, во текот на вчерашниот ден пристапи кон одземање на предмети – документација од Централниот регистар на Република Македонија. Наредбата е издадена по барање на ова Јавно обвинителство, откако Централниот регистар во рок од 30 дена не постапи по нашето барање и единствено не извести дека барањето било нејасно, иако во неколку наврати имаше телефонска комуникација со јавни обвинители и истражители во насока на појаснување што се е предмет на нашето барање.
Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден (вечерта) воспоставена е соработка со Централниот регистар и доставен е дел од бараната документација. Имајќи предвид дека се работи за голем обем на документација, во деновите што следат ќе биде одземена целокупната документација која е наведена во наредбата за одземање на предмети, за што благовремено ќе Ве информираме. Воедно изразуваме уверување дека добро воспоставената соработка со Централниот регистар ќе продолжи и во иднина.
Извор: СЈО