Правдико

   

Соопштение од 232-та седница на Судскиот совет на Република Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СООПШТЕНИЕ

    Судскиот совет на Република Македонија известува дека на 232-та седница одржана на ден 5.09.2016 година одлучи за следното:

1.    Усвоени се:
•    Записник од 229-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од 13.07.2016 година;
•    Записник од 230-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од  19.07.2016 година;
•    Записник од 231-та седница на Судскиот совет на Република Македонија од  22.07.2016 година.

2.    Одлуки за избор на судии во судови во Република Македонија и тоа:

•    Основен суд Скопје 2 Скопје
1.   ЕРОЛ АБДУЛАИ – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители;
2.   ВЕРОНИКА СТАНОЈЕВСКА – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители;
3. АЛЕКСАНДРА ПАЛАШЕВСКА – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
•    Основен суд Скопје 1 Скопје
1.   НЕНАД САВЕСКИ – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители;
2.   ДАНИЕЛА ДИМОВСКА – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
•    Основен суд Велес
1.   ДАРА АРСОВА – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
•    Основен суд Струмица
1.   РАТКА МУКАНОВА – кандидат од Академија за судии и јавни обвинители.
•    Апелационен суд Скопје
1.   ЃОРГИ РАДОЈКОВ – граѓанска област;
2.   ЗОРА ТРЕНЕВСКА – граѓанска област;
3.   САНДЕ ЗИКОВ – од областа на работни односи;
4.   НАТАША САВОВСКА ДИМИТРОВСКА – трговска област;
5.   ЈАНИ НИЧА – кривична област.
•    Апелационен суд Битола
1.   АНИТА МИЛОШЕВСКА – кривична област.
•    Апелационен суд Гостивар
1.   АЛИ АЛИУ – граѓанска област;
2.   ХАНИФ ЗЕНДЕЛИ – кривична област;
3.   ЛИЛЈАНА ИЦКОВА – граѓанска област.
•    Апелационен суд Штип
1.   СУЗАНА ЗДРАВЕВА – граѓанска област;
2.   ТОНИ ДЕЛЕВ – кривична област.
•    Управен суд
1.   ЕЉМЕДИНЕ АСАНИ
•    Виш управен суд
1.   ЕМРИЈЕ ЗУБЕРИ
2.   РИНА ИСЕНИ
•    Врховен суд на Република Македонија
1.   СНЕЖАНА БАЈЛОЗОВА – граѓанска област;
2.   НАДИЦА АНДРЕЕВА – граѓанска област;
3.   РАХИЛКА СТОЈКОВСКА – граѓанска област;
4.   СТОЈАНЧЕ РИБАРЕВ – граѓанска област.

3.    Одлука за престанок на судиска функција на:
•  Лидија Мијаковска, судија на Апелационен суд Битола, поради навршени 64 години;
•  Љубинка Ѓорѓиевска, судија на Основен суд Скопје 1 Скопје, поради навршени 64 години;
•  Катерина Димитровска, судија на Основен суд Кочани, поради навршени 64 години;
•  Ѓорге Чурлинов, судија на Основен суд Гевгелија, поради навршени 64 години;
•  Јован Неделковски, судија на Основен суд Струмица, поради навршени 64 години;
•  Милан Николов, судија на Основен суд Кавадарци, поради навршени 64 години.

Одлука за престанок на функција судија-поротник во Апелационен суд Гостивар, по сопствено барање на:
•  Сузана Пајазити

Одлука за престанок на функција судија-поротник во Основен суд Скопје 1 Скопје по предлог листа на Претседателот на судот и по сопствено барање на:
•  Олга Крстевска и
•  Снежана Стојановска.

Партнери на Правдико