Соопштение за јавноста од Студентскиот Пленум | Правдико

Правдико

   

Соопштение за јавноста од Студентскиот Пленум

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска е 6-ти од окупацијата на неколку факултети во главниот град. На поканата за учество на ниво на работната група од страна на Министерството за Образование и Наука и Универзитетот „Кирил и Методиј“, пленумци излегоја со соопштени за јавноста каде повикуваат МОН и Владата да дојдат да преговараат на нивни терен.

splenum_logo_white-890x395

Целосното соопштение од пленумот:

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во пресрет на утрешната средба на работната група, за која уште не знаеме време и место, Студентски Пленум инсистира претставници од Владата и Министерството за образование да дојдат конечно на академскиот простор.

Посочуваме дека од овој момент па натаму преговорите не треба да се водат во Министерството за образование или Владата. Дебатата за универзитетот мора да се одвива на универзитетот. Студентски Пленум останува на ставот дека апсолутно е потребен целосно нов закон, и дека со целиот свој капацитет ќе учествува во работните групи кои ќе го изготвуваат. Ние не гледаме причина зошто претставник од Владата или Министерството не би покажал доблест да се појави на академско тло. Тоа не мора да биде автономната зона, тоа може да биде било кој факултет, Универзитетската библиотека, може да биде Ректоратот, но пред сé може да е студентскиот дом „Гоце Делчев“, кој најдобро го одразува нивото на грижа за високото образование.

Потсетуваме, претставници на Студентскиот пленум не може да се заменат со претставник на студентскиот Парламент, затоа што мандатот на претседателот Кирил Спироски е истечен од октомври 2014 г. и тој не поседува никаков легитимитет да ги брани студентските права.

Бидејќи ректорот на УКИМ ја свикува средбата на која претставници од Владата и Министерството за образование прифатиле присуство, логично е тие за прв пат да нé посетат.
Универзитетските врати се отворени!

Студентски пленум 15.02.2015

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико