„Сопот“ во рацете на СЈО, „Пуч“ се враќа во Кривичен суд | Правдико

Правдико

   

„Сопот“ во рацете на СЈО, „Пуч“ се враќа во Кривичен суд

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски  потврди дека е дадена насока предметот „Сопот“, Обвинителството за организиран криминал да го даде на Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева.

На денешната седница е одлучено спогодбата на Звонко Костовски, обвинет во предметот „Пуч“, која СЈО ја бараше, да ја врати во скопскиот Кривичен суд. СЈО го бараше „Сопот“ поради тоа што постои јавно објавен прислушуван разговор во кој се зборува за овој предмет и со цел Јанева да утврди дали е надлежно и за овој предмет.

Предметот до СЈО е доставен денес.​ Според законот за СЈО, од моментот на прием Катица Јанева ќе има рок од 8 дена да одлучи дали ќе го земе „Сопот“ во нејзина надлежност.

Како што соопшти Јавното обвинителството, претходно побарале од Советот на јавни обвинители да се произнесе дали е законско барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева за преземање на случајот „Сопот“. Обвинителството смета дека надлежноста на СЈО согласно законот е неовластеното следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до тоа обвинителство пред 15 јули 2015 година.

Со оглед на тоа што кривичниот настан се случил во 2003 година, обвинителството смета дека предметот што се бара не е поврзан и не произлегува од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Сепак, по добиеното писмено известување од Советот на јавните обвинители на 4 јули годинава, во кое нема донесена децидна одлука дали да се предаде предметот, туку дека „ќе треба самостојно да одлучи дали тој ќе биде доставен до СЈО“, Јавното обвинителство одржало колегиум на кој што, сепак, било заклучено предметот „Сопот“, што е во фаза на првостепена судска постапка пред Основниот суд Скопје 1, со неговите списи, да се достави до СЈО, кое треба да се произнесе дали врз него ќе воспостави надлежност.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико