Сопственик на кафуле фалсификувал дозвола за движење
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ш. М. (35) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Пријавениот, во својство на управител на кафе-бар, во период на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на целата држава, си издал дозвола за движење на вработен, во која навел дека ја издава поради менаџирање на објектот, а за кој во важност е забрана за работа.
На 16.4.2020 во 23.30 часот, за време на забраната за движење, на влезот во селото Арачиново пријавениот бил сопрен од полициски службеници, при што на увид ја приложил лажно изработената дозвола.
Извор: Макфакс