Сосед кираџија ѝ барал пари, па ѝ украл 500 евра | Правдико

Правдико

   

Сосед кираџија ѝ барал пари, па ѝ украл 500 евра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сосед се заканувал на жена со која делеле ист двор, за да му даде пари, а кога таа избегала, ѝ украл 500 евра од дома.

Во четвртокот, околу 15 часот во Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар Стари“ А.И., кој живеел под кирија во истиот двор со Ш.А. (49), извршил разбојништво во нејзиниот дом. А.И. ја искршил влезната врата, влегол внатре, и со вербална закана побарал пари од неа.

Откако Ш.А. успеала да избега, А.И. извршил пребарување и од нејзината чанта одзел 500 евра по апоени од 100 евра. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико