Состанок на кризниот штаб на Град Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Денеска, во просториите на Град Скопје, состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов.
На состанокот се разговараше за итна адаптација на акцискиот план за редовно, дневно, дезинфицирање на јавните површини во градот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат пропишаните мерки и препораки за спречување на ширењето на корона вирусот, да ја одржуваат личната хигиена и да останат дома.
Извор: Макфакс