Состанок на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина | Правдико

Правдико

   

Состанок на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Украина

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница посветена на хуманитарната ситуација во Украина. Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш деновиве повика на итен прекин на огнот за хуманитарни цели во Украина и за да се овозможи напредок во политичките преговори насочени кон постигнување мировен договор.

„Силно ги повикувам страните во овој конфликт и меѓународната заедница како целина да работат со нас во мир за солидарност со народот на Украина и ширум светот“, рече шефот на ОН.

Гутереш рече дека од почетокот на руската инвазија на Украина, илјадници луѓе ги загубиле животите, 10 милиони луѓе се раселени, многу домови, училишта и болници се уништени, а цените на храната и енергијата се зголемени ширум светот. Прекинот на огнот ќе овозможи испорака на хуманитарна помош и безбедно движење на луѓето, наведе генералниот секретар, додавајќи дека тоа ќе спаси животи, ќе спречи страдање и ќе ги заштити цивилите. УНХЦР соопшти дека војната ја предизвикала најтешката бегалска криза во Европа од Втората светска војна и дека брзината и бројот на бегалци кои бегаат во Полска, Романија, Молдавија, Унгарија, Словачка и Русија е без преседан.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико