Правдико

   

Состанокот на Еврогрупата за Грција прекинат, продолжува денеска

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) на кој се очекуваше договор за Грција, беше прекинат во средата доцна вечерта, по само еден час и ќе продолжи во четврток рано попладнето.

1075d5f2-f43d-4768-b881-1f5c0e6aa426-5573

„За денеска е готово. Состанокот ќе продолжи утре во 13 часот, порача преку Twitter, финскиот министер за финансии, Александер Стуб. Тој изрази сомневање дека ќе може да се постигне компромис.

„Договор уште нема. Еврогрупата беше информирана за напредокот во преговорите меѓу институциите (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – з.р.) и грчките власти. Работата ќе продолжи и Еврогрупата ќе се состане во четврток, 25-ти јуни, во 13 часот, за да се подготви за состанокот на Европскиот совет (самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ)“, се вели во соопштението на претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии, Јероен Дијселблом.

Министрите за финансии всушност немале за што да дискутираат, имајќи предвид дека пред себе не го имале документот кој би послужил како основа за дискусија. На тоа цел ден во средата работеа претставниците на доверителите на грчката влада. И грчкиот премиер Алексис Ципрас разговараше повеќе часови со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со шефицата на ММФ, Кристин Лагарад и со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги.

Меѓутоа, не успеаја да ги приближат ставовите за списокот со реформи кои Грција би требало да ги спроведе во замаена за деблокирање на 7,2 милијарди евра, без кои ѝ се заканува банкрот и можно исфрлање од еврозоната. Атина на ММФ мора до 30-ти јуни да му ги исплати ратите од кредите во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра, а потоа во јули и август долговите кон ЕЦБ од 6,7 милијарди евра.

Во средата ноќта повторни работеа Ципрас, Јункер, Дијселблом, потпретседателот на ЕК задолжен за еврото, Валдис Домбровкис и комесарот за економски и монетарни политики, Пјер Московиси.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико