Правдико

   

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се одлучува за здравствените протоколи за реализација на наставата, како и можното почнување на наставата од 1 септември.

На средбата, која се одржа утрово, не беа донесени заклучоци во однос на овие прашања.

Од Министерството за здравство информираат дека разговорите ќе продолжат и во наредните денови со цел да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.

Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, минатата недела изјави дека до 1 септември има доволно време да се организира почетокот на учебната година и училиштата да се подготват за спроведување на протоколите за трите видови настава во зависност од епидемилошката состојба – со физичко присуство, онлајн-настава и комбинирана.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико