Сотирова-Бухова: Градоначалникот на Куманово ги прекршил протоколите бидејќи излегол од дома и се тестирал неколкупати | Правдико

Правдико

   

Сотирова-Бухова: Градоначалникот на Куманово ги прекршил протоколите бидејќи излегол од дома и се тестирал неколкупати

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со тоа што излегол од дома само со повик на 192 и се тестирал неколкупати, градоначалникот на Куманово, Максим Димитревски, неколкукратно ги прекршил алгоритмот и протоколите по кои се работи за заштита од коронавирусот. Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова-Бухова, детаљно објасни кои се прекршувањата што ги направил градоначалникот констатирани по вонредните надзори во сите засегнати институции во Куманово.

„Лице што е ставено со решение од ДСЗИ позитивно на Ковид-19 за лекување и изолација може да го напушти местото каде што е изолирано со најава на 192, меѓутоа преку координација со матичен доктор, епидемиолог или специјалист инфектолог во најблиската болница, во овој случај Општата болница во Куманово. Никакво јавување на 192 не овозможува по даденото решение надвор од овој протокол. Во согласност со решение од ДСЗИ, тестирањето на лица во домашна изолација се изведува исклучиво по четиринаесеттиот ден, и тоа во временска разлика од 24 до 48 часа, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје во Скопје“, рече директорката Сотирова-Бухова.

Таа потенцира дека во периодот од 30.3. 2020 до 29.4.2020 ДСЗИ има издадено 3.324 решенија за домашна самоизолација, 994 решенија на лица позитивни, кои се на домашно лекување и во домашна самоизолација.

„Што би се случило кога сите 994 лица, позитивни, со лесна клиничка слика или асимптоматски, а се со решение излоирани дома, излезат? На која опасност би биде сите кога самоиницијативно 994 лица би излегле и би тргнале по патека надвор од алгоритмот и протоколот? Зошто некој би бил привилегиран да може да го крши алгоритамот, да го крши протоколот, да се тестира два-три-четири, па дури слушаме од медиумите и шестпати, а некој да го почитува протоколот да седи до домашна самоизолација 14 дена, да ги почитува сите правила што во оваа држава ги наметнува и ги кажуваат Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство, Главниот кризен штаб на Владата“, рече директорката Сотирова-Бухова.
Таа извести дека за случајот на градоначалникот направиле детален увид во Центарот за јавно здравје во Куманово, во Здравствениот дом, во итната помош и во болницата во Куманово, а записниците ги имаат директорите на установите. За сите констатирани недостатоци ќе следуваат прекршочни казни, а за одредени недостатоци инициран р стручен надзор во Лекарската комора.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не прави надзори во простории на општини и нема законска обврска, ниту законска можност да доставува записници онаму каде што не инспекторира, рече денес директорката на ДСЗИ, Иринка Сотирова-Бухова, по многубројните реакции во јавноста за прекршената самоизолација на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

По прекршувањата, кривичната пријава против кумановскиот градоначалник вчера пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово. Пријавата ја потврди и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Поднесена е поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. Димитриевски на социјалните мрежи напиша дека кривичната пријава е класична злоупотреба на инструментите на власта и праша дали на повидок е нов режим.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико