Правдико

   

Совет на Европа: Ксенофобијата и говорот на омраза и натаму присутни во Европа

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на Европа констатира дека ксенофобниот популизам и расистички говор на омраза и во 2018 година оставиле трага на политичката клима во Европа.

Исламофобија, антимигрантски сентименти, навреда на лицата од африканско потекло и занемарување на Ромите и натаму се присутни во европските земји, се наведува во Стразбур.

Последниот извештај на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата наведува дека растечката загриженост на јавноста е поради економските, геополитичките и технолошките промени, искористени првенствено од страна на популистички политичари кои жртвувајќи ги мигрантите и малцинствата, сакаат да го поделат општеството во Европа по национална, етничка и религиска основа.

Она што дополнително загрижува е фактот дека таквите ставови сè повеќе се присутни и меѓу водечките политички партии и влади во Европа, оценува ЕЦРИ.
Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата во извештајот за 2018 година оценува дека исламофобијата и антиимигрантските сентименти и натаму преовладуваат во поголем број држави членки.

Муслиманските, како што се наведува во извештајот, често биле цел на насилства, кои често вклучувале повлекување на марами за глава или плукање. Исто така се контатира дека Ромите и натаму се најмаргинализирана заедница во Европа.

За најпозитивна страна, според ЕЦРИ, кое е тело на Советот на Европа, кое се бори против расизмот, се наведува дека се поголем број земји преземаат чекори со цел нивните законодавства да се усогласат со европските и меѓународните стандарди во борбата против говорот на омраза.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико