Советник на Европскиот суд застана на страна на Германија околу Законот за патни надоместоци | Правдико

Правдико

   

Советник на Европскиот суд застана на страна на Германија околу Законот за патни надоместоци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Планот на германската Влада за воведување надоместоци за користење на автопатиштата не ги дискриминира странските возачи, висок советник на највисокиот суд на ЕУ изјави во средата и препорача отфрлање на жалбата поднесена од Австрија.

Германија спроведе закон во 2015 година каде воведува патни даноци за користење на своите автопатишта.

Возачите кои имаат возила регистрирани во Германија автоматски ќе плаќаат годишна такса во износ од 130 евра, но ќе се намалат таксите за моторни возила како компензација.

Возачите кои живеат надвор од Германија можат да купат времени карти, кои ќе чинат 130 евра за една година.

Австрија, која исто така беше поддржана од страна на Холандија, се пожали дека олеснувањето на данокот за германските државјани всушност значи дека само странските државјани ќе го плаќаат овој инфрструктурен надоместок.

Воведувањето на овој надоместок не ги крши правилата на транспортната политика на ЕУ и принципот според кој корисниците и загадувачите се должни да плаќаат вакви надоместоци.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико