Советникот за национална безбедност на Трамп поднесе оставка поради контактот со рускиот амбасадор
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Флин, поднел оставка на функцијата поради своите контакти со Русија, соопшти Белата куќа.
Флин наводно пред Трамп да стапи на функцијата разговарал со рускиот амбасадор Сергеј Кисљак во врска со санкциите кои администрацијата на претседателот во заминување, Барак Обама, и ги воведе на Москва.
Кога скандалот бил откриен, Флин негирал дека комуницирал со рускиот амбасадор, но потоа решил да признае дека разговарал со него.
„За жал бидејќи настаните бргу се одвиваа ненамерно не ги информирав потпретседателот Мајк Пенс и останатите околу нецелосната информација поврзана со мојот телефонски разговор со рускиот амбасадор. Искрено им се извинив на претседателот и потпретседателот и тие го прифатија моето извинување“, напишал Флин во оставката.
Американските медиуми претходно јавија дека Министерството за правда ја предупредило Белата куќа за овие контакти. Било наведено дека Флин може да стане мета не уцени од страна на Русија.
Контактот на Флин со амбасадорот на Русија, пред инаугурацијата на Трамп, би можело да преставува кршење на американскиот закон, бидејќи на обичните граѓани не им е дозволено да водат надворешна политика.
Одредени советници на Трамп уште во понеделникот го советувале да размисли да му даде отказ на Флин, но потоа советничката во Белата куќа, Келиен Конвеј изјавила дека советникот Флин има „целосна доверба“ од страна на претседателот.
NBC news наведува дека ваквите кадровски промени се случуваат во секоја администрација, без разлика дали таа е републиканска или демократска, но никогаш не се случила на самиот почеток на мандатот.
Заминувањето на Флин претставува „отрезнување“ на почетокот на мандатот на Доналд Трамп, но истовремено би можел да ги забави затоплувањето на односните со рускиот претседател Владимир Путин.
Пензионираниот генерал Кит Келог, кој беше шеф на персоналот на Советот за национална безбедност е именуван за вршител на должноста советник за национална безбедност, додека Трамп не реши кој ќе биде именуван за нов советник.
Се наведува дека покрај Келог, тоа можат да бидат и поранешниот директор на ЦИА Дејвид Петреус, односно поранешниот заменик командант на американската централна команда Роберт Хауард.
Според медиумите најголеми шанси да биде именуван за нов советник за национална безбедност има токму Хауард.
Извор: Макфакс