Советот на ЕУ го ревидира Механизмот за суспензија на визната либерализација
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот на Европската унија денеска ја усвои регулативата за ревидирање на Механизмот за суспензија која може да се примени за сите постоечки договори за визната либерализација што ЕУ ја има со Македонија и 52 други земји од светот.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, министерот за внатрешни работи и за национална безбедност на Малта (земја-претседавач со Советот на Унијата), Кармело Абела, по тој повод изјави дека визната либерализација носи големи предности во ЕУ и на третите земји, но дека во исто време, Унијата мора да биде способна ефикасно да реагира во случаи кога не се почитуваат правилата.
– Ревизијата на механизмот за суспензија што го усвоивме денеска прави полесно да можеме да се справиме со злоупотребите на системот – рече малтешкиот министер.
Инаку, според Советот на Европската унија, целта на ревидираната регулатива е да се зајакне Механизмот за суспензија со што прави да им биде полесно на земјите-членки да известат за околностите што може да доведат до суспензија, овозможувајќи и на Европската комисија да го активира механизмот на сопствена иницијатива, а со задача на Комисијата да испрати годишен извештај до Европскиот парламент и до Советот за степенот до кој трети земји ослободени од виза продолжуваат да ги исполнуваат потребните критериуми.
Со оваа ревизија, сега можните причини за суспензија на визната либерализација се проширени и вклучуваат намалување на соработка за реадмисија, значително зголемување на стапката на одбивање на барањата за реадмисија, вклучително и за државјани на трети земји во транзит, како и значително зголемување на ризикот за јавната политика или внатрешната безбедност на земјите-членки.
Користењето на механизмот, исто така ќе се олесни преку скратување на референтниот период и роковите со цел да се овозможи побрза постапка. Особено, ова се однесува на референтниот период за споредување на околностите кои довеле до прекин на состојбите во текот на претходната година или пред визната либерализација е скратен од шест на два месеци.
Суспензијата може да се активира со известување на земја-членка или од Комисијата, односно од еврокомесарот за миграциски прашања и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос. Ако просто мнозинство на земјите-членки го извести, Гркот Аврамопулост и Комисијата ќе треба да донесат одлука за спроведување на привремено укинување на ослободување од обврската за поседување виза за одредени категории на државјани на трети земји за период од девет месеци. Во текот на овој период, Комисијата е должна да воспостави подобрен дијалог со засегнатите страни за да се поправат околностите во однос на покренатиот проблем.
Но, доколку проблематичните околности останат, Комисијата треба најдоцна два месеца пред истекот на деветте месеци да донесе делегиран акт за привремено укинување на визната либерализација за дополнителен период од 18 месеци за сите државјани на третата земја.
А, пред истекот на периодот на важење на делегираниот акт, Еврокомисијата доставува извештај до Европскиот парламент и до Советот. Овој извештај може да биде придружен со законски предлог за пренос на повикување на засегнатите според Анекс Два (безвизни земји) во Анекс Еден (земји на чии државјани им е потребна виза за влез во Шенген-зоната).
Механизам за мониторинг е воведен со цел да се осигура дека трети земји, кои добиле визно ослободување по остварен дијалог за визна либерализација, продолжуваат да ги исполнува критериумите кои биле основа за доделување безвизен статус. Во овој контекст, еврокомесарот Аврамопулос силно го поздравуи денешното одобрување од страна на Советот на предлогот на Комисијата за зајакнување на механизмот за визнасуспензија, со кој според него ќе се обезбеди посилна заштита на визната политика на ЕУ.
– Ревидираниот механизам значително ќе ја зајакне и ќе ја зголеми ефикасноста на политиката на либерализација на визниот режим на Унијата со која ни овозможува да реагираме брзо ако настане ситуација која може да доведе до значително зголемување на илегалната миграција или зголемен ризик за внатрешната безбедност на земјите-членки. Со денешниот конечен прием, ние заедно успеавме да Механизмот за суспензија да биде поефективен инструмент за нашата заедничка визна политика благодарение на флексибилниот пристап и пропорционалната реакција во случаи кога привремената суспензија на безвизното патување е оправдана. Паралелно со ова, новата постапка исто така ќе ни овозможи да одржуваме силен дијалог и соработка со третите земји со кои имаме безвизен режим, со цел заштита и зајакнување на безвизниот режим со ЕУ за нивните граѓани – истакна Аврамопулос.
Советот на Европската унија и Европскиот парламент, сега треба да ја потпишат донесената регулатива, а потпишаниот текст ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ и ќе влезе во сила 20 дена подоцна.
Извор:Нова Македонија