Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна | Правдико

Правдико

   

Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на Европа ги повика САД да ја укинат смртната казна по серијата егзекуции извршени во државата Арканзас.

„Ова е многу вознемирувачко и е спротивно на глобалниот стремеж за укинување на ова нехумана и застарена казна. Ние апелираме на САД како набљудувачи во Советот на Европа, да се воздржат од понатамошни изведувања на смртни казни“, се наведува во соопшението од СЕ.

Во соопштението уште се истакнува дека преку Европската конвенција за човекови права, Советот на Европа успеа да создаде услови смртната казна да биде укината во подрачје кое опфаќа околу 820 милиони луѓе. Белорусија, која не е членка на СЕ, е единствена европска држава која има смртна казна.

Две лица, осудени на смртна казна, синоќа беа езгекутирани во Арканзас.

– Ова претставува првата егзекуција во САД по 17 години, изјави главниот обвинител на јужната држава Лесли Рутледџ.

Џек Џоунс и Марсел Вилиамс, кои се осудени во 90-те години за силување и убиство, беа егзекутирани со смртоносна инјекција, откако различни судски инстанци ги отфрлија нивните последни обиди за жалба.

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико