Советот на Европа ја повика Србија да ги признае настаните во Сребреница за геноцид | Правдико

Правдико

   

Советот на Европа ја повика Србија да ги признае настаните во Сребреница за геноцид

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Експерти од Советот на Европа ја повикаа Србија официјално да ги признае за геноцид масовните убиства на муслиманите во Сребреница, пренесува Дојче веле.

Парламентот и шефот на државата се извинија за тоа што се случило, но до овој момент и не ги признаа за геноцид трагичните настани од Сребреница во 1995 година, што е во согласност со заклучокот до кој дојдоа меѓународните судии, се вели во соопштението на Европска комисија против расизмот и нетолеранцијата, дадено во вторникот на 16 мај.

Во јули 1995 година – едвај неколку месеци пред крајот на војната во Босна и Херцеговина, војници на  босанските Срби убија околу 8.000 илјади муслимани.

Ова масовно убиство се смета за најстрашно воено злосторство во Европа извршено по Втората светска војна.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико