Советот на Европа ја повика Турција да ја укине вонредната состојба | Правдико

Правдико

   

Советот на Европа ја повика Турција да ја укине вонредната состојба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

turcija apsenjeТурција мора „што е можно поскоро“ да ја укине вонредната состојба воведена после обидот за воен удар во земјата во јули, изјавил комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс.

Како што се наведува во меморандумот на Советот на Европа, објавен во четвртокот, Мужниекс побарал од Анкара „итно“ да ја укине вонредната состојба и повторно да воспостави „редовна процедура и целосна гаранција на човековите права“.

Мужниекс изјавил дека со жалење ја примил одлуката на турската влада вонредната состојба да ја продолжи уште за три месеци, почнувајќи од 19-ти октомври, порачувајќи дека се надева оти ова продолжување ќе биде „значително намалено“.

Комесарот исто така додал дека е загрижен поради декретот за продолжување на притворот на 30 дена и побарал „итно укинување на праксата на апсење новинари и гасење на телевизии врз основа на судски одлуки“, како и пренесување на нивниот имот во сопственост на државата.

Мужниекс ги осудил и масовните судење на лицата обвинети за поврзаност со имамот Фетула Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организација на воениот удар.

Турските власти одлучија на 3-ти октомври за уште три месеци да ја продолжат вонредната состојба која беше воведена после обидот за пуч ноќта помеѓу 15-ти и 16-ти јули, и покрај предупредувањата на опозицијата дека режимот ја користи вонредната состојба за да се пресмета со политичките противници.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико