Советот на Европа со резолуција за масовното шпиунирање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Парламентарното собрание на Советот на Европа (PACE) усвои резолуција за масовното шпионирање во кој предупредува дека практиката на масовна шпионажа, која ја откри американски whistleblower Едвард Сноуден, ги повредува основните човекови права и го ограничува начинот за спречување на терористички напади.
“Масовната шпионажа најверојатно не придонесе за спречување на терористичките напади, за разлика од претходните тврдења на високи официјални лица од разузнавањето”, се наведува во резолуцијата која ја донесе Парламентарното собрание врз основа на извештајот на холандскиот пратеник Петар Омцигта, пишува на веб страницата на Советот на Европа.
PACE предупредува дека средствата предвидени за спречување на терористички напади се користени за целите на масовен надзор, а со тоа му се овозможува на опасните криминалци полесно да дејствуваат
PACE посочи дека собирањето и анализата на личните податоци, вклучувајќи го и т.н. “мета” (податоци за податоци), може да се врши без согласност само врз основа на “судска одлука, која е донесена врз основа на основано сомнение.”
Тие повикаа и подобрување на судскиот и парламентарниот надзор на разузнавачките служби, формирање на “Кодекс на разузнавањето” со кој ќе се дефинираат меѓусебните обврски, кои би можеле да бидат усвоени од тајните служби, како и сигурна и ефикасна заштита на информаторите.
PACE го покани Генералниот секретар на Советот на Европа да го искористи овластувањето кое му го овозможува Европската конвенција за човекови права и да побара од земјите-членки да одговорат дали нивните разузнавачки активности се во согласност со стандардите на Конвенцијата за човекови права.
Пратениците, исто така, ги повикаа парламентите на државите членки да спроведат истрага во врска со аферата на Американската национална агенција за безбедност (НСА), чиј агент беше Сноуден, како што направи германскиот Бундестаг.
PACE заклучи дека “немилосрдниот третман” на американските власти кон Сноуден не придонесуваат за воспоставување на меѓусебна и јавна доверба .