Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за преземање на „Пуч“ | Правдико

Правдико

   

Советот на јавни обвинители денеска ќе расправа за преземање на „Пуч“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

За денеска е закажана седница на Советот на јавни обвинители, на која претседателот Петар Аневски најави дека ќе се расправа за преземање на предметот „Пуч“. Тој минатата недела, по петочната седница на Советот, изјави дека специјалната обвинителка Катица Јанева ја кочела нивната работа, така што не одговора на нивните барања.

Аневски рече дека покрај расправа за „Пуч“, Советот ќе дискутира и за предметот „Сопот“.

Специјалното јавно обвинителство во јануари се откажа од обвинителниот акт за „Пуч“, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт била во спротивност со доказите со кои ова јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. Советот побара од истражителите од СЈО да појаснат зошто се откажаа од предметот и дали било законско откажувањето од кривично гонење на лицата опфатени во „Пуч“.

Во „Пуч“, покрај лидерот на СДСМ Зоран Заев, обвинети беа и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица, Бранко Палифров и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие беа осомничени за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Покрај тоа, од Советот не ја исклучуваат можноста да биде разгледана и преставката од судијката Татијана Михајловска од скопска единица, за однесувањето на Фетаи и Јанева на подготвителното рочиштето за случајот со Општина Центар, на кое двете обвинителки заработија и парични казни по 2 илјади евра.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико