Советот на јавни обвинители и денеска не го избра целиот тим на Јанева | Правдико

Правдико

   

Советот на јавни обвинители и денеска не го избра целиот тим на Јанева

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Расправата за изборот на тимот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, не се најде на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители, соопшти претседателот на Советот, Петар Аневски. На седницата, еден од членовите на Советот предложил да се расправа по барањето на Јанева, меѓутоа претседателот Аневски дал образложение дека во дописот специјалната обвинителка ги навела истите имиња на обвинители и не дала образложение зошто бара зголемување на тимот.

Sovet-na-javni-obviniteli

– Во дописот од обвинителката беа наведени истите имиња, без образложение, со само неколку изменети збора и датуми поради што предлогот го ставивме на гласање. Беше донесена одлука оваа точка да не се става на девен ред на денешната седница. Ние ѝ стоиме на располагање на обвинителката Јанева доколку се зголеми обемот на предметите и има реална потреба од дополнителен кадар да закажеме повторно седница и да одлучиме – изјави Аневски.

На седницата, како што посочи Аневски, биле присутни претставници на ОБСЕ и на Амбасадата на САД во Македонија.

На новинарско прашање дали е земено предвид дека до Советот на јавни обвинители беше доставено писмо од четирите политички партии, Аневски изјави дека тие се независна институција, која не работи по политички препораки.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико