Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство | Правдико

Правдико

   

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското обвинителство и на Обвинителството за организиран криминал, дознава „Макфакс“. Огласот беше распишан во „Службен весник“ на 23 февруари за повеќе позиции во обвинителствата низ Македонија, откако претходно пропаднаа обидите да се изберат први луѓе на овие обвинителства.

Според информациите на „Макфакс“, членовите на Советот се поделиле во групи за да ги интервјуираат пријавените кандидати, како дел од процедурата за избор. Пријавите за челните позиции на овие две обвинителства биле неколку. Дел од кандидатите кои ги контактиравме велат дека сè уште не биле повикани на интервју во Советот. Како што е веќе објавено, најсериозен кандидат за шеф на скопското обвинителство се споменува името на в.д. Сашо Рајчев. Тој беше поставен за вршител на должност на оваа позиција, на местото на Гордана Гешковска, во декември лани. Гешковска без мандат со скопското обвинителство шефуваше цела година.

Обвинителството за гонење организиран криминал како вршител на должност моментално го води обвинителката Гордана Смаќоска, која е вклучена како втор обвинител во предметот за настаните од Собранието на 27 април, покрај обвинителката Вилма Рускоска. За ова обвинителство како еден од кандидатите се споменува името на Ермон Незири, кој, според информациите на „Макфакс“, е во игра за прв човек на ова обвинителство. Неофицијално, тој е во сериозна трка за челната позиција со обвинителката Вилма Рускоска.

Минатиот избор на обвинители во организиран криминал и корупција помина скандалозно, бидјеќи првиот човек на Советот гласаше при изборот на неговата внука за обвинителка, а членката на Советот, гласаше да не биде избрана обвинителка која што го гони нејзиниот сопруг за перење пари во една од комерцијалните банки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико