Правдико

   

Советот на јавни обвинители треба да распише оглас за наследник на Гешковска

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на јавни обвинители за денеска закажа седница на којашто треба да бидат избрани повеќе јавни обвинители и да биде распишан оглас за наследник на шефот на скопското јавно обвинителство, Гордана Гешковска.

Мандатот на Гешковска истече вчера и неизвесно е дали таа ќе биде повторно избрана за главен обвинител на скопското обвинителство.

Гешковска ги води случаите со насилствата од крвавиот четврток, а го водеше и случајот Монструм и Пајажина и други судски случаи.

Освен оглас за нов претседател на Скопското јавно обвинителство, денеска повторно треба да се расправа и за изборот на двајца обвинители од Вишото јавно обвинителство на Скопје, и за обвинител во Републичкото Јавно обвинителство.

Извор:ТВ 24

Партнери на Правдико