Советот на јавни обвинители во вторник ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски | Правдико

Правдико

   

Советот на јавни обвинители во вторник ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владиниот предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски пристигна во Советот на јавни обвинители.Оваа вест за Макфакс ја потврди првиот човек на Советот, Петар Аневски, кој рече дека предлогот стасал претпладнево, во 11 и 30 часот.

„Предлогот го добивме и ќе го разгледаме.Веќе на 13 јуни (вторник во 11 часот) закажав и седницана која членовите ќе треба да се произнесат“, рече Аневски.Тој не сакаше да прејудицира каква ќе биде одлуката на Советот и дали ќе се произнесат позитивно или негативно.Мнозинството членови сметаат дека Советот треба да се произнесе со став, и покрај тоа што има такви кои мислат дека топката треба да се префрли на Собранието, без конкретни мислења.

Советот има рок од 15 дена од добивање на решението, да достави до Владата образложено писмено позитивно или негативно мислење по предлогот за разрешување на јавниот обвинител.Но, мислењето на Советот не е обрзувачко, за разлика од постапката за избор, каде доколку не се даде позитивно мислење за ниту еден од кандидатите, се објавува нов оглас.

Аневски вчера го изрази својот личен став и кажа дека според него, Зврлевски е перфектен обвинител и оти нема забелешки на неговата работа.

Новата Влада во понеделникот оваа недела донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико