Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева | Правдико

Правдико

   

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и истражната постапка за случајот „Рекет“, во кој е осомничена и специјалната обвинителка Катица Јанева.

Извештајот е доставен по барање на претседателот на Советот, Коле Штерјев, кој сега треба да свика седница за да расправа за статусот на Јанева дали таа постапила незаконски и несовесно во вршењето на функцијата и да донесе одлука дали ќе иницира постапка до Собранието за нејзино разрешување.

Советот исто така треба да одлучи и дали ќе назначи вршител на должност на местото на Јанева, како што повика државниот обвинител Љубомир Јовески повикувајќи се на постојниот Закон за Обвинителството или тоа ќе биде оставено да го договорат најголемите политички партии што ја избрале специјалната обвинителка, како што тврди претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а партиите од понеделник се очекува да продолжат со преговори за новиот предлог-закон за Обвинителството, што ќе го реши статусот на СЈО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико