Советот на министри на ЕУ донел одлука до јуни да се реши кризата во Македонија? | Правдико

Правдико

   

Советот на министри на ЕУ донел одлука до јуни да се реши кризата во Македонија?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одговарајќи на новинарско прашање, лидерот на СДСМ на денешната прес-конференција демантираше дека Али Ахмети и Мендух Тачи понудиле некаков документ на последната лидерска средба, со кој бараат од премиерот Никола Груевски и од Зоран Заев една од трите главни функции да му припадне на Албанец.

11271946_10205432887454826_290975965_n

– Тоа не е точно. Да документи паѓаат на маса, документи паднаа и во Стразбур и овде, но ние не сме влегле во преговори. Сега само се даваат насоки за да се воспостави таа рамка, каде би се движеле преговорите. Ние сè уште не сме влегле во преговори – рече Заев.

Исто така, лидерот на СДСМ рече и дека од Советот на министри на ЕУ има донесено одлука до крајот на јуни да се реши политичката криза во земјава.

– Месец јуни е очигледно почетокот на летото и јасно им е на сите, не треба да бидете посебно политички упатени, дека Груевски калкулира. Ние нема да дозволиме летото длабоко да навлезе. Советот на министри на ЕУ знам дека има донесено одлука до крајот на јуни да се реши политичката криза. Како пријатели на Македонија, искрено верувам дека ќе помогнат во тоа – изјави Заев.

Тој рече дека нема информација кој би дошол во Македонија за време на преговорите, но има потврда дека дефинитивно ќе има претставник на ЕУ.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико