Советот на НАТО побара Москва да ги прекине нападите во Сирија | Правдико

Правдико

   

Советот на НАТО побара Москва да ги прекине нападите во Сирија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот на НАТО побара од Русија да прекине со воздушните напади во Сирија и итно да запре со навлегување на руски авиони во турскиот воздушен простор, со констатација дека станува збор за опасно и неодговорно однесување.

24032107
Амбасадорите на земјите членки на НАТО, кои на повик на генералниот секретар Јенс Столтенберг во Брисел одржаа вонреден состанок, побараа руското воено воздухопловство да го запре бомбардирањето на сириските градови Хомс, Хам и Идлиб во кои, како што се наведува во соопштението, страдале цивили и припадници на сириската опозиција, а не милитанти на Исламска држава.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико