Советот за безбедност на ОН за Косово
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за безбедност на Обединетите нации на денешната седница посветена на Косово ќе го разгледа тримесечниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за работата на УНМИК.
На седницата ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Србија и на Косово Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. Во извештајот Бан Ки Мун го поздравува обновувањето на разговорите во Брисел меѓу премиерите на Србија и на Косово со посредство на Европската унија и повикува на итно решавање на прашањето за создавање Заедница на српски општини, како и воспоставување специјален суд на Косово.
Извор: Радио Слободна Европа