Советот за етика во медиумите за година и пол добиле над 120 жалби по разни основи | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Советот за етика во медиумите за година и пол добиле над 120 жалби по разни основи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) во изминатата година и половина има добиено над 120 жалби по различни основи, беше соопштено на денешната прес-конференција на СЕММ. „Бројката на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрувањето на медиумскиот систем во земјата, кој што во моментот е во криза од аспект на професионализмот и етиката“, информира Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ.

Основите за поднесување жалби се различни, а најчесто неточно и нефер известување, говор на омраза, дискриминација, незастапена втора страна, нарушување на приватноста, како и мешање факти и мислења. Страни кои најчесто се жалат се граѓаните, граѓанските организации, новинарите и политичарите.

„Сепак, потребно е уште време да се научат правилата, што е саморегулација, а што регулација. Тоа го мешаат и новинарите и граѓаните, а особено политичарите“, рече Драган Антоновски, претседател на СЕММ.

Само мал дел од жалбите се решени преку медијација, што потврдува дека медиумите се’ уште пружаат отпор да ги признаат грешките во известувањето. „Во исто време, тука е и проблемот со необјавување на одлуките кој и понатаму постои“, истакна Марина Тунева, извршен директор на СЕММ. Таа нагласи дека се’ уште е потребно да се работи активно на информираноста за ефектите на саморегулацијата, а за остварување на оваа цел СЕММ доби поддршка од УНЕСКО и ЕУ, во рамки на проект за промовирање на слободата на изразување и информирање и за зајакнување на механизмите за медиумска саморегулација кој ќе се реализира во текот на годинава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико