Советот за факти бара да бидат разрешени судиите што го ослободија Сеад Кочан oд притвор | Правдико

Правдико

   

Советот за факти бара да бидат разрешени судиите што го ослободија Сеад Кочан oд притвор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за утврдување факти до Судскиот совет доставил предлог со кој бара да биде разрешен петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, кој одлучуваше за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. Покрај Јово Вангеловски, се бара разрешување и за судиите Ристо Катавеновски, Рахилка Стојковска, Џемали Саити и Фаик Арслани. Барањето за отворање постапка за разрешување е поради нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд во Скопје и на Врховниот суд.

Судијката на претходна постапка, Даниела Димовска, не го прифати барањето на СЈО за одредување притвор за Кочан по сите три основи за негово изрекување ценејќи дека постојат мали шанси тој да се даде во бегство. СЈО го обжали решението на Димовска, а Кривичниот совет донесе спротивна одлука, која делумно беше потврдена и од Апелациониот суд во Скопје.

Кочан повеќе од два месеца беше недостапен за органите на прогнот. Врховниот суд спротивно на законот прифати да расправа за вонредниот правен лек на Јавното обвнителство, иако беше ненадлежно, доставено од јавниот обвинител Ацо Колевски и одлучуваше за притворот на Кочан. Советот за факти ја отвори постапката за случајот со бизнисменот Сеад Кочан по иницијатива на неневладината организација „Зелена лупа“.

Овие судии одлучуваа и за притворите на двајцата обвинети Горан Грујевски и Никола Бошкоски, кои се во екстрадициски притвор, обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико