Советот за факти не стигнал да ја разгледа претставката за судијката што антидатирала одлука на СЈО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за утврдување факти и одговоност на судии, тело што Собранието го укина, не успеал да ја разгледа претставката на специјалното јавно обвинителство за судијката Моника Бахчовановска, сопруга на ексфункционерот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Бахчовановски. Информацијата за „Макфакс“ ја потврди Сашо Поцевски од Советот за факти и утврдување одговорност за судии. Оттаму потврдија дека минатата недела ги предале сите претставки за судии до Судскиот совет, вклучително и за судијката Бахчовановска, за која поради големиот број предмети и краткиот рок, не успеале да стигнат и да дадат мислење. Сега за евентуално нестручно и несовесно вршење на судиската функција треба да расправа Судскиот совет.
Тимот на Јанева пред 3 месеци или поточно на 1 ноември лани поднесе претставка за нестручно и несовесно постапување за судијката Бахчовановска бидејќи антидатирала одлука за случајот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска. Според СЈО, Бахчованска го донела решението за издвојување на бомбите од доказниот материјал на 11 септември 2017 година, а во образложението се повикала на одлука на Апелациониот суд Скопје за користењето на прислушуваните разговори во случајот „Триста“, што второстепениот суд ја донел на 18 септември, односно седум дена подоцна. СЈО решението на Бахчованска за „Тифани“ го добило на 5 октомври. Бахчовановска, меѓу другото, одлучи ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, да не одговара за предметот „Тортура“, туку само полициските „алфи“, по што СЈО вложи жалба до Апелациониот суд.
На последната прес-конференција, претседателот на Советот, Зоран Караџовски, не одговори конкретно на прашањето кога точките за нестручно постапување на судиите ќе бидат ставени на дневен ред. Денеска судии, професори, експерти и претставници на Судскиот совет расправаа за најновите предлози на Министерството за правда за реформите на судскиот систем, а меѓу нив беше и Караџовски. Расправата беше организирана од Здружението на судиите на Македонија.
В. М.
Извор: Макфакс