Советот за факти почна да постапува по претставките на СЈО за четворица судии
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Советот за утврдување на факти ги земал во работа четирите претставки поднесени од Специјалното јавно обвинителство за судии од Кривичниот суд, со кои се бара да се испита дали тие работеле нестручно и несовесно.
„Предметите се веќе поделени и побаравме од Кривичниот суд информација за наводите во претставките“, изјави за Макфакс претседателот на ова тело, Сашо Поцевски.
Тој појаснува дека станува збор за иницијална фаза, во која се утврдува само основаноста на претставката. Доколку се утврдат елементи, кои упатуваат на тоа дека судиите постапувале во спротивност со судската функција, ќе се бара и мислење од судиите и од претседателот на судот.
Станува збор за судиите Елена Илиевска-Јосифовска,Татјана Михајлова, Александра Поп Стефанија, Лидија Петровска, за кои СЈО тврди дека со своето однесување и постапување грубо ги прекршиле одредбите од Судискиот кодекс.
Извор: Макфакс